×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тодоровска: Како одговорна власт донесовме сет мерки за економско зајакнување на жената

    05.03.2021 14:04 | KumanovoNews

    Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, ден кој ја означува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, со големо задоволство ќе истакнам дека Куманово е град со најголем број жени на раководни позиции. Посебно сакам да нагласам дека при нивниот избор најважна беше нивната стручност, способност и постигнати резултати во професијата, кажа претседателката на Форумот на жени на СДСМ Куманово, Соња Тодоровска, на денешната прес-конференција.

    Тодоровска: Како одговорна власт донесовме сет мерки за економско зајакнување на жената

    „Како социјалдемократка сакам да потенцирам дека родовата еднаквост, рушење на стереотипите за жената и градење на нова поинаква перцепција како модерна, образована, храбра жена подготвена да ги прифати сите предизвици на животот и професијата се најважните заложби на Форумот на жени на СДСМ и нашето партиско раководство. Само да се потсетиме, СДСМ беше партија која прва воведе квоти за застапеност на жените во политиката.

    СДСМ е партија која прва воведе 50 проценти застапеност на пратеничките листи на последните парламентарните избори. Рамноправна застапеност на мажите и жените во сите органи и тела на партијата. Со правична застапеност ќе настапиме и на претстојните локални избори, на советничките листи и листите за градоначалници“, додаде Тодоровска.

    Таа вели дека нејзината партија во првите шест месеци од формирање на Владата ја ратификувала Инстанбулската конвенција од која произлегле нови законски решенија кои гарантираат еднаквост, сигурност и заштита на жената дома, на работа, на улица.

    „Како одговорна власт, донесовме сет мерки за економско зајакнување на жената. Пакет мерки за заштита на женското здравје. Го донесовме Закон за заштита од семејно насилство. Формиравме Комисија за заштита од дискриминација. Воведовме родово буџетирање во Општините. Како социјалдемократки ги преземаме сите чекори за унапредивме на женските права и родовата еднаквост, но сите заедно можеме и повеќе и подобро. Борбата за родовата еднаквост продолжува, успехот ќе зависи од храброста и борбеноста на секоја од нас! Зад секоја успешна жена стои родовосензитивен маж. Мажи направете доволно простор до Вас да застане среќна, успешна и годра жена“, заврши Тодоровска, честитајќи го празникот на сите сограѓанки.

    Во чест на празникот, Форумот на жени на СДСМ, Куманово, вечерва организира Трибина под наслов: „Кога ТАА е раководител“.

    На трибината успешни кумановки ќе ги споделат своите искуства и предизвиците со кои се соочува жените на работните места и во политиката.

    (С.Н.)