×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тодоровска:Ќе отвориме регионален ресурсен центар и спортска сала за лицата со попреченост

    06.10.2021 14:09 | Сузана Николиќ

    Кандидатката за советничка од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Тања Тодоровска, најави дека еден од врвните приоритети во идниот мандат во Советот на Општина Куманово ќе биде подобрувањето на квалитетот на лицата со попреченост. 

    Тодоровска:Ќе отвориме регионален ресурсен центар и спортска сала за лицата со попреченост

    „Ќе отвориме регионален ресурсен центар за деца со попреченост. Ќе организираме целодневен престој за лица со попреченост вклучени во образовниот процес во основните и во средните училишта во Општина Куманово. Следува и отворање на спортска сала за лица со попреченост, како и бесплатен јавен градски превоз на семејства, кои имаат деца со попреченост и за лица со попреченост“, потенцираше Тодоровска.

    На прес-конференцијата, Тодоровска најави и поставување пристапни рампи и тоалети за деца со попреченост во општински училишта.

    За подобра функционалност, ќе бидат реконструирани сите тротоари во централно градско подрачје и ќе се адаптираат за непречено движење на
    лица со попреченост.

    „Ќе формираме Центри за социјализација на лица со попреченост, како и психолошка поддршка на лица кои се грижат за оваа група на граѓани. Ќе спроведеме целосна реализација на концептот на инклузивна Општина со обезбедување на пристап до податоци и информации за лица со попреченост преку креирање на пристапни веб-страници на Општината и јавните претпријатија, креирање на систем за инклузивна рекреација, спорт, култура, забава и медиуми, со што ќе се овозможи социјална кохезија, изработка на предлог-проект за пристапни заедници - рушење  на бариерите за инклузија (јавни простори, услуги, градби, превоз, информации,
    комуникација)“, истакна Тодоровска.