×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Толеранција до граница

    26.08.2011 12:12 | KumanovoNews

     Вревата што летово се случува околу чистење на дивите тезги околу пазарите, на тротоарите и на другите  јавно-прометни површини, а особено на локациите во близина на Спортската сала, донекаде стивна на задоволителен начин.

    Толеранција до граница

     Закупците на тезги на зелените пазари здивнаа по протерувањето на ,,дивите‘‘ продавачи на зеленчук и овошје од Струмица. Останува сепак прашањето дали продажбата на лубеници и пипер од камиони кај Спортската сала е стопирана, или ,,дивите‘‘ само се разбиени и распрскани по други делови од градот. Сликите на непречена продажба на бостан и други земјоделски и градинарски производи на недозволени локации, говорат дека власта не докрај се справува со дивите трговци. Час ги брка, па потоа се прави дека не ги гледа, па испаѓа дека само кампањски се бори за ставање на некаков ред по улиците. Можеби на крајот на краиштата мора така да се работи, да се спроведува редот и законот, но и да се гледа низ прсти поради чување на социјалниот мир во државата. Социјален, но и политички, меѓуетнички мир ако сакате! На што личи тоа што е секојдневна слика на тротоарот пред влезовите на Џамијата, Музичкото училиште и Дописничкиот центар? Кому како ќе му текне ги шета двата контејнери кога ќе му притреба да паркира камион со бостан, возило на продавање, овци за верски празник. Треба ли да се потсетува дека станува збор за строг центар на градот, за извонредно прометно место за лесни и тешки моторни возила, за дел со неколку значајни институции - Телеком, верски храм, образовна установа... Има локации во градов на кои може да се води толерантна и селективна социјална, меѓунационална и меѓуверска политика, но не сме уверени дека улицата на која посочуваме е за тоа.