Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 27 мај во селото Драгоманце, во општина Старо Нагоричане ќе се одржи традиционален пролетен крос за ученици од општината.
На кросот се очекува да учествуваат 60 основци, кои поделени во категории според возраста ќе трчаат на патеки со различна должина. За најдобрите ќе има дипломи, а училиштата учесници на кросот ќе добијат благодарници. Овој традиционален пролетен крос се одржува 27-ма година по ред.