×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Традиционален тамбурашки фестивал по 19-ти пат на Градскиот плоштад во Куманово

    24.08.2023 13:09 | Оливера Пешевска

    Меѓународниот тамбурашки фестивал ќе се одржи утревечер , 25 август , на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 20.30 часот.

    Традиционален  тамбурашки фестивал по 19-ти пат на Градскиот плоштад во Куманово

    Ова е 19-то издание на фестивалот кој годинава ќе се одвива во една вечер со настап на Тамара Тодевска, Трио Гранде и Бијелопољски тамбураши.

    „Овој град веќе има етаблирано публика која ја сака тамбурашката музика  што веќе го покажавме во минатите изданија. Настапуваат Трио Гранде, познат тамбурашки оркестар од Кавадраци, нашите драги пријатели Бијелопољски тамбураши од Црна Гора со нумери од крајот од кој доаѓаат. Како гост на вечерта , пак, ќе настапи Тамара Тодевска со својот бенд. Имавме идеја секогаш да имаме гости кои не се карактеристични за тамбурашката музика, но заради помладата публика и убавата македонска музика протежираме да има изведувач од Македонија“, посочи уметничкиот директор на фестивалот Нино Величковски.

    Организаторите изразија надеж дека следната година на јубилејното 20-то издание на фестивалот ќе го одберат најубавото од делот на македонската тамбурашка музика. Ќе се вложат напори да се обезбедат и поголеми финансиски средства за да се врати поранешниот формат од неколкудневно музицирање со тамбурата.

    Организатор на фестивалот е Фондацијата за култура и спорт под покровителство на Општина Куманово.

    За одржување на фестивалот издвоени се 300 илјади денари од локалниот буџет.