Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет нуркачки тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ и еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно припадници на СВР Куманово, го пребаруваат дното и брегот на акумулацијата Глажња во потрага по исчезнатиот Ф.Р.(30) од селото Никуштак. Потрагата трае повеќе од 36 часа, но се уште нема резултати.
„Сите државни ресурси се максимално ангажирани и употребени во случајот. Десет лица, поделени во 5 тима од единицата „Тигри“ се единствените кои имаат сертификати за нуркање на големи длабочини. Исто така туке е и еден тим од ДЗС кој помага во потрагата. По еден чамец од двата тима го обиколуваат брегот во потрага. Правиме се што можеме и што налага протоколот за вакви ситуации, иако потполно го разбирам нетрпението на семејството“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Во денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко-турист од Охрид, кој се пребарува езерското дно. На тимот пребарувачи ќе им се приклучат и 8 нуркачи од специјална единица на АРМ „Волци“.
Езерото Глажња зафаќа површина од 96,5 ха, но има голема длабочина од 40-50 метри. Затоа и во потрагата се ангажирани „најдобрите од најдобрите“ како што ги категозираат надлежните трагачите, додаваат од ЦУК.
Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак е пријавено во ПС Матејче во недела, на 30 јули околу 13.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро Глажња.