×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трактор управуван од малолетничка паднал во канал, загинал сопатникот

    29.05.2023 12:47 | Сузана Николиќ

    Едно лице загина вчера попладне откако се превртел трактор во канал покрај патот во кумановското село Тромеѓа. 

    Трактор управуван од малолетничка паднал во канал, загинал сопатникот

    „Во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с. Тромеѓа,  кумановско,  трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал.  На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с. Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт“, соопшти МВР. 

    Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово. 

    Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.