×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трет ден штрајк на вработените во УЈП

    19.06.2023 13:35 | Оливера Пешевска

    Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и денеска протестираат во период од 10 до 12 часот, со барање да се потпише колективен договор со кој ќе се обезбеди зголемување на платите за 30 проценти.

    Трет ден штрајк на вработените во УЈП

    Протест го организира репрезентативниот синдикат „Солидарност“ Скопје - Синдикална организација на УЈП, а активно е вклучена и подружницата од Куманово, која брои 35-36 члена.

    Вработените со работа продолжуваат по 12.30 часот, откако ќе заврши нивната дневната пауза. Странките кои денеска ги посетија просториите на УЈП во Куманово наидоа на затворени врати.

    „Во УЈП доаѓам како правно лице, и не можам да завршам работа. Повторно ќе дојдам во 12.30 часот за да пуштам плата на вработените. Ако завршам работа до 14 часот, нема да плаќам дополнителна провизија во банка. За итните плаќање со назнака 1 следи дополнителна провизија, но тоа никого не го засега. И вработените очекуваат плата, а има и фактури за плаќање со одреден рок, не можеме и нив да ги процесираме. Денеска е 19-ти, платата веќе доцни, ако не се пушти денеска токму УЈП може да ме блокира“, изјави сопственик на приватна фирма од Куманово.

     Од УЈП ги молат граѓаните на трпение и солидарност, бидејќи се обидуваат да си ги подобрат работничките права.

    Доколку не им се исполнат барањата тие најавуваат генерален штрајк, кој доколку се реализира ќе ги блокира финасиските текови на државата и никој не би може да земе плата.