Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шеесет и петгодишна жена е трета жртва на измама во Куманово, за само два дена.
Таа останала без 30.000 евра откако му поверувала на измамник дека нејзината ќерка прегазила дете, а тој се понудил да и помогна да не одговара.
Според СВР Куманово, 65- годишна жена вчера во 14.30 часот пријавила дека била измамена за сума од 30.000 евра.
„Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
И вчера биле пријавени две измами и еден обид за измама од тројца пензионеери. Со истата приказна изманикот успејал да дојде до 250.000 денари.
Во текот на 2024, во Куманово биле регистрирани две измами за сообраќајни несреќи. Од полицијата апелираат на претпазливост, а особено од повозрасните лица кога им се јавуваат непознати, да не наседнуваат на лажни услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.