Три лица нападнале кумановец и му го одзеле мобилниот телефон
05.01.2023 15:01
| KumanovoNews
Кумановец пријавил во полицијата дека е нападнат од три лица, кои му го одзеле мобилниот телефон. Нападот се случил ноќеска во селото Проевце.

„Во 00.10 часот во СВР Кумaново, Ј.П. (36) од село Пчиња, кумановско, пријавил дека во село Проевце три лица физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон“, соопштува СВР Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.