×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три лица повредени во сообраќајка кај Бедиње

    23.04.2015 13:14 | KumanovoNews

    Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случи на регионалниот пат Куманово-Липково во населбата Бедиње.

    Три лица повредени во сообраќајка кај Бедиње

    Сообраќајката се случила во 7.40 часот, кога возило бмв со кумановски регистарски таблички управувано од Б.Ф. (31) од селото Отља,  додека се движело од Липково кон градот, излетало од патот и неколку пати се превртело. Во тој момент од спротивната страна наишла опел астра и комби фолсфаген, кои удриле во превртениот автомобил.

    Со тешки повреди се здобил возачот на бемвето и неговиот сопатник 45 годишниот Б.А., додека возачот на комбито Б.Т. (36) од Младо Нагоричене поминал со полесни повреди. Сите се примени на хируршкото одделние во Општата болница Куманово.

    Двајца од пациентите се задржени на лекување, а еден е пуштен дома. Тешко повредениот има  повреди на главата и вратот, но се наоѓа вон животна опасност, - изјави доктор Драган Тасевски, хирург во општата болница Куманово, кој ги примил повредените.

    Поради несреќата сообраќајот кон Липково утринава беше во прекин околу 2 часа додека траеше увидот на полициската екипа. Жителите од населбата велат дека тука постојано се случуваат сообраќајки поради неприлагодена брзина на движење на возилата и оштетениот пат.