Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот ракометен клуб „Куманово“ се засили со Росана Павлова, Мила Мемов и Ангела Шехтанска, пред пролетниот дел од првенството.
Засилувањата се направени пред плејоф делот од првенството како дополнување на тимот кој во првиот дел од сезоната настапуваше речиси со една постава, со мал број на ракометарки на резервната клупа.
Во пролетниот дел на првенството клубот ќе игра во плеј оф фазата и борбата за прво место на табелата.
„Натпреварите во вториот дел на првенството започнуваат кон крајот на февруари, а некаде во мај не очекува и турнирот за Куп на Македонија. Со повеќе играчи во клубот ќе имаме можност за ротација во одбрана и напад, а и ќе се растеретат оние ракометарки кои во есенскиот дел го понесоа товарот на натпреварите“, истакнува Никица Кипријановски.
Сите три доаѓаат од ЖРК „Скопје“. Росана Павлова настапува на позицијата десно крило, член е на младинската репрезентација на Македонија. Мила Мемов е лево крило, Ангела Шехтанска е централен бек, која со кадетскиот тим на ЖРК „Вардар“ ја освои шампионската титула минатат сезона, 2023/2024. Има изразено силен удар, па стручниот тим смета дека одлично ќе се вклопи во тимот.
Екипата на ЖРК „Куманово“ се наоѓа на второто место во Групата Б на женската лига. Од ова сезона е направен нов распоред на натпреварување- поделени се во три групи по пет екипи. Во пролетниот дел ќе се играат плејоф и плејаут натпреварите, првите за титула, вторите за опстанок во лигата.
ЖРК „Куманово“ ќе се натпреварува за првото место Ѓорче Петров, Астибо, Вардар, Металург Автокоманда и Чаир од Скопје.