Трибина на жените на ВМРО-ДПМНЕ

09.06.2010 11:48 | KumanovoNews

 Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Куманово организира трибина на темата "Превенција на насилство меѓу младите".

Трибина на жените на ВМРО-ДПМНЕ

 Модератори на оваа трибина ќе бидат пратеничката Дарка Петрушевска,Весна Хорватиќ, директор за Бирото за развој на образованието, Дивна Јанкова, психолог и Претседател на НВО Доверба, Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција при СВР Куманово, Јовица Божиновски, Комесар за криминални работи при СВР Куманово и Сунчица Милошевска, инспектор по малолетничка деликвенција и социопатолошки појави.

Трибината ќе се одржи утревечер со почеток во 17.30 часот, во малата сала на  Центар за култура “Трајко Прокопиев”.    

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk