Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва во 18 часот ќе се одржи трибина на тема “Суштината и значењето на мајчиниот јазик“.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово ја организира трибината по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик. Предавач ќе биде Сања Пачкова од Бирото за равзој на образование, професор по македонски јазик. Од Унијата на жени ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на трибината.