×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тринаесет години Кумановоњуз

    28.04.2021 09:50 | KumanovoNews

    Почитувани читатели,

     Денеска Кумановоњуз слави 13 години постоење и успешна работа. Почнавме во далечната 2008 година, во период кога на интернет просторот допрва се етаблираа нови медиуми, пред се on-line порталите, кои ја преобликуваа медиумската сцена со брз и неограничен пристап до огромен број на информации.

    Тринаесет години Кумановоњуз

    Кумановоњуз, како прв интернет портал во градот и регионот, и еден од првите во државата, од самиот почеток понуди содржини за секој граѓанин, го градевме патот според вашиот вкус и интерес, ги следевме вашите потреби и информиравме за сите актуелни и значајни настани во Куманово и околните општини.

    Со текот на годините го изградивме нашиот медиумски профил како професионален, објективен и независен портал, а вашата доверба во нашето известување се повеќе се зголемуваше. За многу кратко време достигнавме огромна читаност и посетеност.

    Тимот на Кумановоњуз не е голем, но е е сплотен и максимално посветен на медиумска покриеност на сите актуелни настани. Во време во кое сме соочени со огромен наплив на дезинформации, наша основна задача е да ви понудиме објективна слика за општествените случувања, врз основа на која вие самите ќе можете да изградите критички став и сопствено мислење.

    Многумина од вас се наши соработници, извори на информации, поддржувачи и најважно од се, вистински пријатели. Вашата поддршка ни е најголема потврда за нашата макотрпна работа и ни дава поттик да продолжиме и понатаму да го развиваме информативниот простор со нови, квалитетни и разновидни содржини.

    Денес, без лажна скромност, слободно можеме да кажеме дека веб порталот www.kumanovonews.mk, е вистински креатор на електронското информирање не само во Куманово и Североисточниот регион, туку и во медиумскиот национален простор. Прераснуваме во регионален портал и се зајакна нашиот тим, а нашите информации се читани од граѓаните од целата земја и од дијаспората.

    Годинава, бројот 13 ни беше особено среќен, бидејќи почнавме два нови проекти. Едниот е „По допрен глас“, со цел заеднички да создаваме медиумски содржини, што се темелат на истражувања за најголемите проблеми со кои се соочува нашата публика. Градиме активна заедница со граѓаните, ги пренесуваме вашите ставови и ги споделуваме вашите приказни. Наскоро, преку проектот „Мултимедијални содржини за поквалитетно информирање“ ќе ви понудиме и видео прилози, преноси во реално време и многу нови приказни, репортажи и актуелни теми со кои се надеваме дека ќе го привлечеме вашето внимание.

    После 13 години, Кумановоњуз останува на вистинската страна, а тоа е страната на нашите читатели. Знаеме дека е тешко секогаш да се дојде до вистината, но ние не се откажуваме. Ќе продолжиме да ја откриваме големата слика за да ви ги кажеме работите со вистинско име. А вие барајте ги на вистинското место, на нашиот портал. Нашето оружје е вистината!

    Кумановоњуз ви останува верен и ја очекува вашата поддршка и соработка и во иднина.

    Ви благодариме што сте наши читатели!!!

    Секогаш Ваш,

    Кумановоњуз