Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Аеро клуб “Доне Божинов“ тринаесет млади луѓе следат обука за воздухопловство. Од клубот се задоволни од одзивот, а нови канидати во меѓувреме се пријавуваат.
Тоа се млади луѓе на возраст од 16 до 18 години. Има доста ентузијасти. Скоковите завршија, теорија ќе има и до средина на август се очекува да завршат со курсот. За обуката која ја поминале ќе добијат лиценци и тоа многу ќе им користи при вработување. Многумина веќе се вработени во АРМ. Независно од овој, нов курс за пилоти на едрилици треба да почне од септември - велат од Аеро Клуб “Доне Божинов“.
Отворениот меѓународен куп за падобрани е откажан од технички причини, но истиот ќе се оддржи во септември.