×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трио Џентлмен вечерва со настап пред Центарот за култура во Куманово

    21.08.2023 13:40 | Оливера Пешевска

    На платотот пред Центарот за култура во Куманово , вечерва,со почеток во 20 часот,  ќе се одржи концерт на отворено на популарното Трио Џентлмен од Скопје.

    Трио Џентлмен вечерва со настап пред Центарот за култура во Куманово

    Станува збор за  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор, кои ја освојуваат публиката со а популарни македонски и светски хитови.

    „Сите членови на триото имаат посебна специфика во својата изведба како модерна уметничко-сценска атракција. По примерот на светските поп-класични состави, настапуваат со репертоар на кој, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и, секако песни од македонското творештво“, истакна Александар Митрички,музички соработник во Центарот за култура.

    Концертот е од отворен тип,не се наплаќаат влезници и на него можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

    Настанот е во организација на Центарот за култура и Општина Куманово.