×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Трнорушка“ утре и задутре во Кумановскиот театар

    02.02.2021 14:29 | KumanovoNews

    Во Кумановскиот театар, утре и задутре ќе се игра детската претстава „Трнорушка“, во режија на Бојана Краљевска, која побуди голем интерес кај публиката.

    „Трнорушка“ утре и задутре во Кумановскиот театар

    „Претставите започнуваат во 18 часот, а за време на изведбите ќе бидат запазени сите здравствени протоколи кои важат во моментов. Ја замолуваме публиката да пристигне дваесеттина минути пред почетокот, за да немаме голем број на луѓе во исто време, на исто место. Се заблагодаруваме на публиката и почестени сме што кумановци сакаат театар, - изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Во претставата играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ. Сценографијате е на Крсто Богојевски, избор на костими Нина Максимова, кореографија Сања Русеска, драматургија Зоран Зафировски, музичка илистрација Зоран Зафировски.

    Поради големиот интерес, ќе бидат реализирани и репризни изданија на 5. и 9. февруари во истиот термин. Директорот најави дека во следниот период ќе има нови претстстави на репертоар на Театар Куманово.