Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ваљон М.(17) и Егзон Ш.(17) од Куманово и Исуф А.(18) од Липково, се трите момчиња кои вчера попладне загинаа во страотната сообраќајна несреќа, откако нивниот автомобил бмв слета од надвозникот на автопатот Куманово-Табановце и на него налета цистерна.
Во несреќата се повредени Зијадин И. (17) од Опае, које е пренесен во болницата во Скопје и возачот на цистерната М.Т.(45), кој поминал со полесни повреди.
Сообраќајката се сличила во 16.40 часот кога од непознати причини автомобилот БМВ, кој го управувал Ваљон М. додека се движел по улицата 11 Ноември, од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контрола и удрил во заштитната ограда. Автомобилот слетал на коловозот и паднал на цистерна која се движела по автопатот. Товарното возило изгубило контрола на двиќењето, ја пробила заштитната ограда и се превртело на спротивната лента на автопатот. Во несреќата сопатниците од патничкото моторно возило Ваљон М. и Егзон Ш. починале на лице место, додека Исуф А. бил пренесен во Кумановската болница каде им подлегнал на повредите.Извршен е увид од полициско-обвинителски екипи и се работи на откривање за причините на несреќата. Сите патници во бемвето се гимназијалци во трета година, кои пополаднето подолго време се возеле во автомобилот.
За време на увидот сообраќајот на автопатот беше во целосен прекин од 16.40 до 20.00 часот во двата правци за сите видови на возила.
Очевидци на несреќата кажуваат дека слушнале силен звук, и веднаш притрчале да помогнат, но глетката од несреќата била страотна.