Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последните 24 часа регистрирани се уште тројца починати пациенти, 40 новозаболени и 53 оздравени од коронавирус.
На ниво на државата од компликациина ковид-19 починаа 22 лица, регистрирани се 881 нов случај од 2.902 тестирања.
Новите случаи на ковид-19 се во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.
Починати се седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70), тројца од Куманово (70, 97 и 94), еден од Прилеп (75), двајца од Струга (74 и 69), еден пациент од Битола (60), двајца од Охрид (65 и 83), еден од Гевгелија (67), еден од Гостивар (73), еден од Кочани (68), еден од Пробиштип (46), еден од Берово (80) и еден пациент од Виница (77). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69, Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 74.732, од кои оздравени се 50.852, починати 2.169, а активни 21.711. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 32310, активни 11492
• Куманово 4325, активни 623.