Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица од Куманово починаа во болнички услови од компликации на короноварис, соопштува Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на ковид-19. По градови од: Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола - 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1.
Пријавени се 4 починати лица : 3 од Куманово (29 ,49 и 74) и еден од Гостивар (78), починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 69397, Активни 603
Куманово 9058, Активни 145
Прилеп 8354, Активни 24
Тетово 7924, Активни 572
Битола 6373, Активни 57
Велес 5488, Активни 12
Гостивар 5420, Активни 221.