Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Табановце, откако автомобил удрил во паркирано полициско возило, додека полициска екипа вршела увид на лице место.
Сообраќајката се случила синоќа околу 20.50 часот под надвозникот кон населбата Бедиње.
„Во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце, патничко моторно возило „шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење на увид за друг настан. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“, сопатниците Р.Б., АБ, и еден малолетник, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти СВР Куманово.
Во соопштението на МВР не се прецизира за каков настан се вршело увид, но според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, Итната помош во 20 часот имала интервенција на жена во бесознание која паднала на автопатотво близина на т.н. „Бедински мост“.
„По укажаната лекарска помош лицето е префрлено во Ургентен центар Куманово на понатамошно лекување“, стои во информацијата.
Поради сообраќајната незгода синоќа сообраќајот на автопатот беше во прекин извесен период.
(Фото. Радио Бум)