Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се здолиле со тешки повреди, по што побарале помош во Кумановската болница, по масовна тепачка во кумановското село Черкези.
Пресметката се случила синоќа околу 23.00 часот, по претходна расправија на две групи на мажи.
„Настанала физичка пресметка помеѓу Л.Р., М.Р., Ф.Р., Ш.Р., Б.Р. од една страна и О.Ј.(31), Н.Џ. Г.Џ. и Б.Ј. од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети“, соопшти СВР Куманово.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Б.Ј. Н.Џ. и Г.Џ., констатирани во Општа болница Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.