Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
С.Д.(27) од Крива Паланка е приведен од полицијата под сомнение дека го убил М.Д. (76) од Крива Паланка.
Убиството беше откриено откако обдукција на телото покажа дека станува забор на насилна смрт, а М.Д. предходниот ден беше пронајден починат во својот дом
„Веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело“, соопшти МВР.
За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.