×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици изработија филм за Словенија

    23.02.2012 15:50 | KumanovoNews

     Амбасадорот на Словенија во Македонија Алан Брајан Бергант, денеска го посети основното училиште "Вук Караџиќ". Посетата се реализира во рамките на проектот "Наша разгледница за светот" што ја реализира ова основното училиште.

    Ученици изработија филм за Словенија

    "Главна цел на проектот е запознавање на учениците со другите култури, другите држави и видувањето на учениците кон потесната и пошироката заедница"-вели директорката на училиштето Надица Петровска.

    Учениците во рамките на проектот реализираа документарен филм за Словенија .

    "Филмот што го подготвија учениците е исклучително добар, така што ние ги покануваме како наши гости на саемот на туризам што ќе се одржи во април. Воедно како амбасада ќе најдеме училиште од Словенија кое ќе се збратими со ова основно училиште"- рече амбасадорот.

    Надлежните од општина Куманово побараа од амбасадорот интензивирање на соработката со општините од Словенија.