Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од основното училиште “Браќа Рибар“ од село Табановце, во мај ќе посетат основно училиште во Пожаревац, Србија, каде ќе изработуваат стари везови.
Работилницата ќе се одржи за време на викенд, а е организирана преку проект на организацијата “Коло на српските сестри“.
“На работилницата ќе учествуваат деца од четврто и петто одделение. Целта е преку овој проект учениците да научат да везат, плетат, да се сочуваа таа традиција за изработка на ракотворби и да се дружат“- вели Светлана Стефановска, директорка на “Браќа Рибар“.
Лани учениците од “Браќа Рибар“ воспоставија соработка со ученици од српскиот град, Прокупље.