×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици од “Коле Неделковски“ во посета на “Наце Буѓони“

    06.05.2014 13:24 | KumanovoNews

    Учениците од техничкото училиште “Наце Буѓони“, денеска беа домаќини на нивните врсници од  збратименото училиште “Коле Неделковски“ од Велес.

    Ученици од “Коле Неделковски“ во посета на “Наце Буѓони“

    Учениците од двете училишта се натпреваруваа во фудбал, а електро активите разменија искуства за начинот на кој се изведува наставата.

     На работната средба ќе разговараат како се одвива наставата таму и овдека. Пред се целта е дружење, запознавање и создавање на нови пријателства помеѓу учениците и наставниците. Тука се опфатени сите и Македонци, Срби, Албанци, сите се заедно другаруваат и откако ќе заврши спортскиот натпревар децата ќе прошетаат низ градот за да го запознаат Куманово - изјави Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.

    Двете технички училишта соработуваат од почетокот на оваа учебна година и кон крајот на мај ученици од “Наце Буѓони“ ќе го посетат училиштето “Коле Неделковски“.

    - Тогаш ќе имаме промоција на туристички водич кој што се изработува заеднички. Таа промоција ќе биде во нашето училиште и ние ќе ги пречекаме учениците. Засега соработката е прекрасна, учествувавме во повеќе заеднички активности и денеска имаме две активности. Се надевам дека со соработката ќе продолжиме како и досега - вели Валентин Елисковски, директор на “Коле Неделковски“.

    Овие училишта претходно организираа заедничко одбележување на верски празници со цел децата подобро да се запознаат меѓу себе.