Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од гимназија “Гоце Делчев“,“Наце Буѓони“, “Крсте Мисирков“ и „Вук Караџиќ“ неодамна учествуваа на државен натпревар во стрелаштво во Охрид каде постигнаа солидни резултати.
Најдобро се пласираа гимназијалците Стефан Арсиќ со 150 поени се пласираше во 10 - те најдобри, потоа Драгослав Бошковски со 137 поени, Иван Станковски со 135 и Никола Бојковски со 109 поени. Ова се солидни резултати со оглед дека во другите екипи имаа активни стрелци со 160 - 170 поени од можни 200. - вели менторот Драган Илијевски.
Учеството на натпреварот се реализираше со помош на локалната самоуправа.