Ученици од “Наце Буѓони“ ќе мерат притисок и шеќер
07.10.2013 11:24
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад утре во 10 часот притисок и шеќер во крвта на граѓаните ќе им мерат ученици од медицинските паралелки во “Наце Буѓони“.
Настанот се организира по повод Светска недела на движење.
Здравствената група ученици, медицински сестри под менторство на своите наставници ќе имаат штандови на кои граѓаните ќе можат да измерат крвен притисок, шеќер (гликемија) и да се забавуваат со спортско рекреативните вежби, а потоа да ни се придружат во 11 часот на прошетка до Градскиот кеј - вели професор медициска сестра Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ.
Слични активности имаше и лани на теренот зад Техничкото училиште “Наце Буѓони“.