×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици од „Наце Буѓони“ се стекнаа со професионални сертификати преку програмата ЕРАЗМУС +

    23.09.2022 14:25 | KumanovoNews

    Дванаесет ученика од струката електротехничар енергетичар од Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово се стекнаа со професионални сертификати преку програмата на ЕРАЗМУС + во Поморие, Република Бугарија. 

    Ученици од „Наце Буѓони“ се стекнаа со професионални сертификати преку програмата ЕРАЗМУС +

    Проекот „Стручно образован кадар-темел на современата индустрија“ се реализираше во соработка со Центар за европски иницијативи од Република Бугарија, преку грант од Националната агенција за европски образовна програми и мобилност.

    Програмата вклучуваше работни посети во различни фирми, во кои учениците се стекнале со знаења за нови и современи методи на работа.

    „Остварени се работни посети на објекти во кои се монтираат помали и поголеми фотоволтаични централи каде беа запознаени со новите видови на панели и инвертори, како и со начините на приклучување на електрична мрежа или независно напојување, потоа компанија која се занимава со монтажа, сервисирање и одржување на лифтови, сервис за електрични апарати и уреди. Имаа и работна посета на иновативната компанија СОДИКОМ која се занимава со изработка на машински алати, како и делови за авиони и сателити со помош на електроерозивни машини од најсовремен тип“, велат менторите.

    Учениците ја посетиле и компанијата ЕВН, која работи токму во областа за којашто тие се школуваат – електроенергетиката, а можеле да се запознаат со начините за напредување во кариерата, остварувањето на своите амбиции и цели, со работата на електричната мрежа и трафостаниците на територијата на ЕВН, како и со правилата за сигурност и заштита при работата.

    „Обуките беа извршени од стручни лица и раководители во фирмите. Во програмата исто така беа опфатени и средни технички училишта од Бугарија. Учениците работеа заедно со нивните врсници од Професионалната гимназија по механоелектротехника и електроника од Бургас, каде имаа можност да ги покажат своите знаења и да се стекнат со нови познаства. Исто така, ја посетија и Професионалната гимназија за туризам во Поморие. Во Бургас беше извршена и посета на Младинскиот дом, каде имаа интерактивна сесија за културна размена подготвена од нивна страна, како и курс и активно учество во искачување по карпи на симулативни ѕидови. Се запознаа со културата, традицијата и обичаите на жителите на приморските градови Поморие, Несебар и Бургас“, додаваат професорите.

    По успешното завршување на работната програма, учениците се стекнаа со сертификати „Европас“ за здобиените професионални знаења и вештини, признаени на европско ниво.