×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да поминуваат на пешачки премин и да не претрчуваат улица, МВР со апел до учениците на почетокот на учебната година

    02.09.2022 11:06 | KumanovoNews

    Движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, следење на сообраќајните знаци и на семафорите, да не претрчуваат преку улица, се само дел од поуките кои ги добија првачињата на почетокот на учебната година. 

    Да поминуваат на пешачки премин и да не претрчуваат улица, МВР со апел до учениците на почетокот на учебната година

    Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, на првиот училишен ден од новата учебна 2022/2023 година ги посетија основните училишта на подрачјето на општина Куманово, во рамки на проектот „Безбедни училишта“. При тоа, како и секоја година полициските службеници им посакаа успех и безбедна учебна година на сите ученици, а во непосредните разговори со учениците им беа презентирани низа важни сообраќајни поуки, како и сообраќајните правила и прописи чие што почитување е од пресудна важност во остварувањето на безбедноста во сообраќајот.

    „На децата особено им беше укажано за нивната обврска за почитување на сообраќајните правила и прописи како пешаци, односно безбедно движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, следење на сообраќајните знаци, и на семафорите. Исто така, од страна на полициските службеници беше остварена средба и со одговорните на училишните тимови за безбедност и директорите во училиштата, каде беше разговарано за продолжување на заедничката соработка во натамошниот период, а во рамки на проектот „Безбедни училишта“, соопштуваат од МВР.

    Сообраќајна култура е предуслов за безбедни ученици, кои со почетокот на учебната година се најчести пешаци на кумановските улици. 


     О. Пешевска