×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците денеска се вратија на настава, по вчерашните лажни дојави за бомби

    16.12.2022 11:39 | Оливера Пешевска

    Редовно се одвива наставно-образовниот процес во сите основни и средни училишта во општина Куманово. Одобрување и насоки за тоа издало СВР Куманово по целосна и темелна проверка на сите училишни згради каде вчера имаше дојава за поставување на експлозивни направи.

    Учениците денеска се вратија на настава, по вчерашните лажни дојави за бомби

    „Во координација со СВР Куманово, стручните служби и директорите на училиштата ги повикаа децата да се вратат на настава. Денеска сите училишта работат редовно и се придржуваат до направените распореди. Часовите што не беа одржани вчера по инструкции на Министерството за образование и наука и Државниот просветен иснпекторат ќе треба да се одработат во следниот период, пред часови или ќе се останува по часовите, за да се надокнади пропуштениот наставен материјал“, изјави Александар Јовановиќ, раководител во Сектор образование на Општина Куманово.

     Тој додава дека вчера имале исклучеителен тежок, но искуствата на училиштата во другите градови во справувањето со вакви проблеми и соработката со СВР Куманово биле клучни вчерашниот ден да помине без инциденти.

    „Вчера беше многу стресен и вознемирувачки ден, но благодарение на смиреност, прибраноста на директорите, одреагираа и вработените по сите упатства и насоки, и се помина како беше посочено дека треба. Благодарност и до МВР и СВР Куманово за пружената информација, помош и подршка за постапување под ваков вид закана“, истакнува Јовановиќ.

    Раководителот додава дека два дена пред настанот на иницијатива на СВР Куманово бил свикан итен состанок на општинските служби за образование, директорите на училиштата и претставници од полицијата. На состанокот имало една и едниствена точка на дневен ред–постапување и евакуација на учениците и вработените во случај на опасност. Сите одговорни лица од училиштата добиле телефонски броеви од реонски полицаец кој би требало прв да биде известен во случај на тревога. Секое училиште си има изготвено план за евакуација, во голем дел биле спроведени и вежби со учениците, па вчера се помина брзо и ефикасно во отстранување на децата и луѓето од објектите.

     Јовановиќ тврди дека за безбедност и сигурност на децата во училиштата секојдневно се води грижа и скоро невозможно е да се влезе без да се пријавиш кој си и зошто влегуваш, каде одиш и кој од учениците или персоналот ти треба. Има дежурни во ходниците и од техничкиот персонал и од наставниот кадар кој ги контролираат влегувањата и излегувањата од објектите. Техничкиот персонал секое утро врши проверка на просториите и на партерниот дел од училиштата, а голем дел од локалните школи имаат инсталирано и видео надзор, за да може да се контролира околината на школите и во ноќните часови или за време на викенди и празници.

    Вчера околу  9 часот пријави по електорнска пошта за поставени бомби стигнале во основните училишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и гимназијата „Гоце Делчев“, по што учениците беа евакуирани.

    Проверката на специјалните тимови на МВР, покажала дека пријавите за поставени бомби во основните и средни училишта во Куманово се лажни.