×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците и наставниците се на безбедно, родителите и граѓаните да бидат смирени, повика Димитриевски по пријавите за подметнати бомби во училиштата

    15.12.2022 11:13 | Сузана Николиќ

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги повика родителите и граѓаните да бидат смирени, бидејќи учениците и наставниците безбедно се евакуирани, по најавата за подментати бомби во основните и средни училишта во Куманово. 

    Учениците и наставниците се на безбедно, родителите и граѓаните да бидат смирени, повика Димитриевски по пријавите за подметнати бомби во училиштата

    „Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени. Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки“, потенцира Димитриевски. 

    Тој ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово. 

    Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и гимназијата „Гоце Делчев“.