Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Втор месец од новата учебна година учениците на ДСУ “Киро Бурназ” - Куманово наставата ја следат онлајн од дома. Покрај старите проблеми, учениците учебната година да ја завршат без учебници, а сега се принудени наставата да ја следат без маси и столчиња, објави Левица.
Оттаму додаваат дека овие проблеми повторно ја докажуваат неспособноста на централната и локалната власт во менаџирањето, како и нивна негрижа за обезбедување на квалитетно образование со соодветни услови.
„Потсетуваме дека претходната 2022 година министерот за образование Јетон Шаќири за учениците обезбеди учебници во месец мај. Во последните 2 години лошата локална политика на градоначалникот Максим Димитриевски доведе од отпишување и иселување на повеќе од 500 ученици од Куманово. Бараме одговорност како од централната така и од локалната власт и апелираме итно да се преземат соодветни мерки за решавање на проблемот“, стои во соопштението на Левица, огранок Куманово, испратено до медиумите.