Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основните и средни училишта во градот утре се враќаат во училишните клупи по еднонеделен прекин на наставата поради временските неприлики.
Учениците утре тргнуваат на училиште и покрај тоа што синоптичарите најавуваат помали врнежи. Недостатокот со нафта во овие тешки услови ги премостивме и покрај тоа што имавме сериозни проблеми со дотациите за образованието-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Наставата во училиштата беше прекината минатата среда поради проблемите на патиштата и превезување на учениците до училиштата. Изгубените часови ќе се одработат кога ќе стопли времето.