×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците во „Крсте“ и „Браќа“ следат настава со скратени часови во поплавени училници и без струја

    26.01.2023 15:01 | Сузана Николиќ

    Учениците и наставниците во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово работат во несоодветни услови, поради тоа што протекува кровот на училишната зграда. 

    Учениците во „Крсте“ и „Браќа“ следат настава со скратени часови во поплавени училници и без струја

    „Поради неколкудневниот дожд руинираниот кров пропуштил вода, по што учениците во зимски услови се приморани часовите да ги следат во поплавено училиште. Освен ова, учениците ја следат наставата без електрична енергија поради опасност по животот на децата. Негрижата на МОН од една страна и градоначалникот од друга страна, доведе до ситуација децата второто полугодие да го продолжат во катастрофални услови. Во овој момент наставата се следи со намалено времетраење на часови и во студ. Ваквите услови во двете училишта се провлекуваат години наназад, па се чини дека градоначалникот воопшто и да не сака да ги реши проблемите во училишните згради. Родителите сметаат дека нивните најмили не треба да бидат изложени на вакви нехумани услови“,  велат од кумановскиот огранок на Левица .

     Од партијата го осудуваат ваквото неработење на градоначалникот и на МОН, апелираат итно да се преземат чекори како од централната, така и од локалната власт за решавање на овој проблем,  и побараа некој да поднесе одговорност.

    Родители потврдија дека учениците веќе неколку дена имаат скратени часови во Основното училиште „Крсте Мисирков“ поради поплави во училниците.