×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно нa законите, информира МОН

    12.06.2021 11:55 | KumanovoNews

    Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, објавија од Министерството за образование и наука, откако Сојузот на средношколци испрати известување до Државниот просветен инспекторат, во кое ги информира дека во изминативе неколку денови добиле поплаки од средношколци од повеќе градови низ земјава дека некои средни училишта наплаќаат такси за издавањето свидетелства.

    Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно нa законите, информира МОН

    Од Министерството за образование и наука им било укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година, дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование, при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично.

    „МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Северна Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование. Инаку станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат“, соопштуваат од МОН.