Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со новата фасада, се заокружи процесот на реконструкција на зградата на Основното училиштето „11 Октомври“ во Куманово, која започна пред две години. Предвидено е целиот процес да се одвива низ три фази, а останува уште реконструкцијата на спортската сала.
„Во предходните две фази инсталирана е нова столарија, поставени се нови подови и извршена е целосна реконструкција на тоалетите, а со поставување на термоизолирана фасада и замена на дел од покривот се обезбедува енергетска ефикасност на објектот, кој носи бенефит и за учениците и за сите вработени. Комисијата утврди дека проектот е изведен во согласност со проектот и договорот, квалитетно, навремено и согласно сите важечки прописи“, изјави Елизабета Костиќ, директорка во ОУ „11 Октомври“.
Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука, а во првата фаза се потрошени близу 15 милиони денари.
Останува уште реализација на третата фаза, реновирање на спортската сала на училиштето.
„Предвидена е замена на подовите и ѕидовите на спортската сала, како и замена на дотраените спортски справи. Се уште не се знае кога точно би започнала финалната фаза и колку ќе чини, се чека одлука на МОН“, вели Костиќ.
Во моментов училиштетото го посетуваат над 430 ученици, откако последната година имаат благо покачување на бројот на ученици.