Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште „Бајрам Шабани„ денеска беше пуштено во употреба централно греење. Проектот чини над 100 иљади евра, а сретствата ги обезбеди локалната самоуправа Куманово.
Ова е историски ден за нашето училиште, пред се за учениците, нивните родители и сите вработени. Ваквиот начин на затоплување на училиштето го чекавме 4 децении. Досега училиштето се затоплуваше со печки на дрва, што беше доста примитивно за времето во кое живееме. Сакаме да му се заблагодариме на градоначалникот кој се зафати да се реализира овој голем проект - изјави директорот Дилбер Лимани.
Централното греење ќе биде на нафта, а од наредната година ќе се приклучи на гасоводната мрежа. На свеченото пуштање во употреба присуствуваа претставници од политичкиот врв на градот, а се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски.
Ова е еден од поголемите прокти во образованието, покрај изградбата на зградата во Толи Зордумис исто така за потребите на учениците на албански јазик. Со тоа ги подобруваме условите за настава за учениците, и го покажуваме карактерот на градот и неговата мултиетичност- рече Дамјановски.
Во основното училиште Бајрам Шабани настава на албански јазик посетуваат 1500 ученика во 53 паралелки. Дел од одделенијата се префрлени во просториите на работничкиот универзитет „Професор Мијалковиќ„ и училиштето „Толи Зордумис„, поради просторните проблеми.