×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето „Перо Наков“ издаде „Водич за наставниците за учење на социјално претприемништво“

    31.05.2021 10:43 | KumanovoNews

    Средното училиште „Перо Наков“ од Куманово издаде прирачник „Водич за наставницити за учење на социјално претприемништво“, во рамките на проектот „Размислувај голбално, делувај локално“. Водичот е заеднички продукт на Хрватска, Италија, Кипар, Турција и Македонија, а составен од пет поединечни сегменти, така што секој од партнерите беше задолжен за определен дел и неговата изработка.

    Училиштето „Перо Наков“ издаде „Водич за наставниците за учење на социјално претприемништво“

    „Првиот дел го обработува делот за концептите за социјалнотото претприемништво, неговата дефиниција, теориите, историјата и развојот. За изработка на првиот дел беше задолжена партнерската организација од Италија. Вториот дел ја разгледуваше важноста на социјалното претпријатие и социјалната иновација во општеството, каде што најдобро се објаснети фазите низ коишто треба да се помине, за да се создаде социјална промена. Овој дел беше изработен е од страна на партнерската организација од Кипар. Третиот дел, т.е. моделите на социјално претпријатие, во којшто е објаснета  улогата на социјалните бизнис модели, како и социјалниот модел канвас и типовите на бизнис модели за социјалните претпријатија е изработен е од наша страна, односно од тимот на  СОУ „Перо Наков“ од Куманово. Четвртата глава е изработен од страна на Турција, а се однесува на стратешкиот маркетинг за социјалните претпријатија. Во овој дел акцентот е ставен на  маркетинг планот на социјалното претпријатие. Последниот дел е изработен од партнерското училиштето од Хрватска, а се однесува на чекорите за основање на социјално претпријатие. Ова подрачје може да му користи на наставникот за да може на лесен и интересен начин ги насочува учениците како да основаат сопствено социјално претпријатие“, објаснува Ивана Близнаковска, професор во „Перо Наков“.

    Како додаток кон самиот водич е изработена електронска книга со добри практики, во која има објаснето шеесетина успешни примери на социјални претпријатија ширум светот. Тој може да се користи и како помагало во текот на наставата и по многу други сродни предмети коишто се дел од наставниот процес, меѓутоа може да послужи и како инспирација на учениците да дојдат до нови социјални бизнис идеи.

    „Како дел од проектот предвидена е и изработка на наставна програма за социјално претприемништво, со којашто се надеваме дека социјалното претприемништво ќе биде инкорпорирено во редовниот наставен процес во средните училишта, како и израбокта на прирачник, којшто исто така ќе биде од огромна полза не само на настаниците, туку и на учениците кои ќе го изучуваат социјалното претприемништво“, додава Близнаковска.  

    Водичот и неговиот додаток, електронски можете да го погледнете на веб страната на проектот www.thinkglobalentl.com, како и на официјалната фб страна на проектот „Think global, entrepreneur local“.

     (С.Н.)