Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на ООУ „Христијан Карпош“ во Куманово се одржа централната локална манифестација по повод 3 Декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Гости на манифестацијата беа дечиња од училиштата „11 Октомври“ и „Кочо Рацин“, а посебно внимание беше посветено на дечињата од НВО Дневен центар за грижа на деца со даунов синдром „Доза среќа“ од Скопје, кои имаа своја настап.
„Задоволна сум што се одѕваа и одговорија на повикот колегите од две општински училишта.За дечињата и присутните беше организирана и работилница за подготовка на природни чаеви и рачно се изработуваа новогодишни украси и честитки. Се она што се изработи денеска ќе се продава на новогодишниот базар во ООУ „Христијан Карпош“, а средствата ќе се искористат за набавка на дидактички средства за децата со посебни потреби. Целта е да се покаже дека сите сме еднакви“, вели Бојана Петрушевска, дефектолог во училиштето.
Присутните и гостите на настанот беа запознаени и апелираа за поголема инклузија на лицата со посебни потреби и во училиштата и во целокпуните општествени токови. Да се помогне дечињата да израснат во луѓе кои ќе бидат оспособени за извршување на секоја работа.