УЈП ги едуцираше жителите на Старо Нагоричане
19.11.2012 10:54
| KumanovoNews
Мобилни даночни шалтери на УЈП во петок ја посетија Општина Старо Нагоричане за да ги информираат жителите за даноците и нивно пријавување.
Мобилниот даночен шалтер ги врши следниве услуги: прием на даночни пријави, издавање излезни документи, обезбедување точни, навремени информации од даночната сфера, помош за пополнување на даночни пријави, укажување на роковите за плаќање, уплатни сметки, приходи шифри и слично.
Во петок на 23 ноември пред зградата на Општина Старо Нагоричане повторно ќе бидат поставени Мобилни даночни шалтери од 10 до 15 часот.