Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се оддржа обука за е-даноци.
Месечните ДДВ обврзници имаат обврска од 1 јануари 2013 година, ДДВ пријавите согласно Законот за данок на добивка да ги достават во УЈП, по електронски пат. Истата обврска ја имаат тромесечните ДДВ обврзници од 1 јули 2013 година. Новината е што веќе регистрираните обврзници за електронски пренос на даночни пријави треба да мигрираат во новиот систем за е - даноци. Регистрацијата е со дигитален сертификат на софтвер. Тој треба да биде од овластени куќи како Телеком - изјави Маре Данкова, регионален портпарол на УЈП Дирекција Штип.
Одлуката ја следеа сметководители, книговодители, самостојни вршители на дејност, физички лица. Зависно од интересот обуката во Куманово ќе биде повторена уште еднаш.