×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП: Трговците да ги прикажат попустите за „блек фрајдеј“ на фискалните сметки

    20.11.2024 20:45 | KumanovoNews

    Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот „блек фрајдеј-викенд“ упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката.

    УЈП: Трговците да ги прикажат попустите за „блек фрајдеј“ на фискалните сметки

    Пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.

    „Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО), задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка“, се наведува во соопштението.

    Од УЈП потсетуваат дека потрошувачите при купувањето се должни да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот поради контрола.

    „ Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки“, потенцираат од УЈП.