×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УЈП: Законите и даноците важат за сите подеднакво

    20.09.2013 14:15 | KumanovoNews

     Од Управата за јавни приходи ги отфрла обвинувањата на  општинската организација на СДСМ за тенденциозно затворање на фирми во Куманово.

    УЈП: Законите и даноците важат за сите подеднакво

    УЈП најостро ги демантира обидите за политизирање и регионализација на примената на даночни закони. Управата не собира арач, туку данок кој треба сите да го плаќаат подеднакво.

    Како и секогаш ќе го повториме нашиот став - со ваквите изјави од страна на политичките партии, се наштетува на легалните бизниси кои навремено и во целост ги плаќаат даноците во Македонија. Не сакаме да веруваме дека посочената политичка партија ја подржува сивата економија и неплаќањето на даноците.

    Законите во Македонија важат за сите, па според тоа и единствен критериум според кој некој може да се соочи со казна од УЈП е дали го почитува или не законот. УЈП не може да “измислува“ посебни правила. Правилата се исти и за Скопје, Тетово, Охрид, па и Куманово...

    Казните не се “проста математика“ и не ни е познато по која формула оваа партија ги дели бизнисите, бидејќи УЈП таква формула нема. Бизнис е бизнис, а според УЈП постојат даночни обврзници кои плаќаат даноци и оние кои не пријавуваат и не плаќаат даноци. Покрај спроведените контроли во Гевгелија, Велес, Струмица, Скопје, Куманово...,Управата за јавни приходи продолжува со редовни контроли во делот на фискализацијата, а за резултатите од контролите, како и секогаш јавноста ќе биде транспарентно информирана- се вели во реакцијата од УЈП.