Украден златен накит од куќа на кумановец
27.03.2013 12:15
| KumanovoNews
Непознати сторители, синоќа ограбиле куќа на ул.„Есперанто“ во Куманово.

Крадците влегле во куќата во периодот од 19 до 21 часот, откако ја скршиле врата на куќата на Т.Ј.(81) и извршиле тешка кражба. Во една од собите пронашле златен накит во вредност од околу 300.000 денари. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.