Украдени пари од црквата во Стрезовце
29.06.2023 11:47
| Сузана Николиќ
Непознати сторители украле пари од селската црква во селото Стрезовце.

„Вчера во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во с. Стрезовце, Општина Старо Нагоричане и биле одземени пари“, соопшти полицијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.