×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Улицата „Бајрам Шабани“ ќе почека подобри времиња за да добие тротоари и атмосферска канализација

    22.03.2023 12:16 | Сузана Николиќ

    Улицата „Бајрам Шабани“, една од главните артерии во градот и оваа година ја нема во Програмата за реконструкција на постојни и изградба на нови улици во Куманово. Иако нема атмосферска канализација и тротоари, поради што се нарушува безбедноста за движење на пешаците и возачите, ќе мора да почека подобри времиња за да добие комплентна намена.

    Улицата „Бајрам Шабани“ ќе почека подобри времиња за да добие тротоари и атмосферска канализација

    Советникот Дејан Ивановски од СДСМ, на седницата за советнички прашања го праша градоначалникот Максим Димитриевки кога улицата ќе дојде на ред да реконструира и прошири. 

    „ Улицата „Бајрам Шабани“ целосно е ископана, нема атмосферска канализација, нема троатоари, поради што граѓаните нема каде да се движат, дополнително се паркирани автомобили, со еден збор хаос“, кажа Ивановски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски признава дека проблемот со оваа улица постои, но вели дека тоа не е од вчера, туку се провлекува со години. Проблемот со изградба на атмосферска канализација и тротоари, кои се узурпирани од сопствениците на куќите покрај улицата, е сложен процес кој бара време и пари.

    „Дали ќе се изврши реконструкција на улицата и ќе се изгради атмосферска канализација зависи од финансиските можности на општината. Еден ден кога општината ќе биде во подобра финсиска состојба ќе влеземе во реализација на овој проект на улицата „Бајрам Шабани. Потребно е да се направи експропријација во делот на имотите за ширење на улицата и тоа нема да се случи во мојот мандат“, кажа Димитриевски, одговарајќи на советничкото прашање.

    Тој додаде дека како и секоја година по завршување на зимската сезона ќе се крпат само ударните дупки на улицата.

    Советничката на ВМРО - ДПМНЕ Елена Доцевска - Божиновска, деновиве објави дека веќе се завршени тендерските постапки и потпишани се договори со изведувачите за реконструкција на дел од улиците кои се во програмата, меѓу кои и: улица "Боро Чушкар" во износ од 2.454.330,50 денари, улица "Благој И. Гуне" (дел од ул."ЈНА" до ул."Тоде Мендол") во износ од 5.512.893,57 денари, реконструкција на улица "172" во населба Карпош во износ од 5.423.797,43 денари и улица "112" населба Карпош во износ од 939.807,11 денари, улица "111" населба Карпош во износ од 983.608,35 денари, реконструкција на паркинг простор "Локалитет Серава" во износ од 1.087.131,52 денари, изградба на дел од улица "Зелен пазар" во износ од 3.657.178,96 денари и дел од улица "Страшко Симонов" (од ул."Зелен пазар" до бул."3 МУБ") во износ од 2.025.219,25 денари.