Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советничката од ВМРО - ДПМНЕ, Валентина Јовановска на денешната седница праша кога ќе се асфалтира улицата “Бранко Богдановски - Гуцман“ која подолго време е раскопана.
Сакам да прашам до каде е асфалтирањето на улици. Мојата улица каде што секој ден поминувам, изгребана е од март, а не е асфалтирана - вели Јовановска.
Градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека имаат проблеми со изведувачот и затоа асфалтирањето на улицата се одолговлекува.
Имав средба со изведувачите за динамизирање на работата. Изведувачот има потешкотии. Во моментот на добивање на тендерот ги исполнувале условите. Добивме ветување дека за две недели ќе биде завршена работата - објасни Дамјановски.
Ако фирмата изведувач не го испочитува рокот, општината ќе го раскине договорот и ќе бара нов изведувач.