×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Улицата моли, поправи ме- боли...

    19.05.2011 11:02 | KumanovoNews

      На сликава е уличката од Гимназијата нагоре, покрај Школската амбуланта, една од последните со старата добра коцка.

    Улицата моли, поправи ме- боли...

           Десно, веднаш до семафорот, некој бизнисмен - градежник си направил убава, модерна станбена зграда, за себе ли за пазар ли - тој си знае. Арно ама, ја прекопал уличката, си ја инсталирал подземната инфраструктура (вода,канализација) и толку. Уличката сега чека отприлика еден месец за некој да ја врати во првобитната состојба. Газдата пред самиот влез од новоградбата си средил ,,цакум-пакум‘‘ наредил - бекатон плочки. За мерак, што би се рекло. Веројатно опиен од тоа што изградил и уредил, петпари не дава за коментарите на минувачите кои прескокнуваат кал на ископот и возачите кои трпат удари на тркалата од своите возила. Сакаме да веруваме дека сопственикот на станбената зграда не е виновен, виновни се можеби комуналните инспектори или некој друг надлежен фактор, но тој е инвеститор и по негово брање е направено прекопувањето на улицата. Да не сме имале безброј вакви случаи во минатото низ сите делови на градот, верувајте - ќе ја немаше оваа кратка белешка. А ја објавуваме бидејќи бараа нашите читатели кои по оваа уличка минуваат секојдневно.